Приведен скопјанец, пронајдено поголемо количество оружје при претрес

38

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 09.00 го лишиле од слобода З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 10 куршуми, еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“, 385 куршуми калибар 9 милиметри, 151 куршуми 3 х 57 и 102 куршуми калибар 7х9. Од МВР денеска соопштија дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.