Еднаш на нудистичка се сретнав со фудбалерот Дуле Савиќ, и се некако погледот ми одеше надолу, накај неговиот машки понос, хахахаааа

Пејачката Гоца Тржан отворено вели дека е вљубена во нудистичка плажа, па затоа нестрпливо чека да дојде лето. – На црногорско приморје веќе не одам затоа што таму има многу домашни папараци кои потоа без и малку осет ги објавуваат тие слики по весниците. И ништо не им можете бидејќи јас сум гола на јавно место, а тоа не подлега на Законот за повреда на приватноста. Затоа одам во Грција на нудистички плажи. Кај Грците никој не ме познавам никој не ме слика.Одлично се чувствувам.

Додека одела на црногорско приморје на нудистички плажи Гоца среќавала доста познати личности меѓу кои и легендарниот фудбалер Душан Дуле Савиќ. – Па, ете се видовме така голи како од мајка родени, малку беше непријатно, ама брзо помина нелагодноста. Додуше мене погледот ми одеше се некако надолу кон неговиот машки понос, хахахахаха, а и машала имаше што да се види, се шегуваше и онака шегобијната пејачка, неодамна во една тв-емисија.  Д.М./foto:FB