Приведен поранешниот министер за економија на Португалија

41

Поранешниот португалски министер за економија, Мануел Пињо е приведен како дел од истрага за корупција поврзана со електродистрибутивната мрежа Енергиас де Португалија (ЕДБ).

Истрагата се однесува на 2007 година, кога тој беше член на владата, изјави неговиот адвокат Рикардо Са Фернандез.

Португалскиот јавен обвинител пред четири години ги обвини поранешниот директор на мрежата ЕДБ, Антонио Меси и поранешниот директор на огранокот на „ЕДП Реновавеис“, Жоао Мансо Нето, под сомнение за корупција во која е вмешан и Пињо. Пињо беше министер за економија во периодот од 2005 до 2009 година, а двајца директори постојано го негираа кривичното дело.

Адвокатот на Пињо рече дека неговиот клиент е на распит кај истражен судија, а притворот го нарече „тешка злоупотреба на власта“.

– Тој беше под истрага 10 години за работи што се случиле пред 15 години, секогаш се појавуваше пред судија, никогаш не ги избегнуваше обврските, но сега е предмет на истрага, изјави Са Фернандеш.

Обвинителството наведе Пињо имал лична корист кога одобрил шема со која се компензира ЕДП за делови од одредени договори за набавка на електрична енергија и за продолжување на 27 концесии за брани на 25 години, без јавен тендер.