Премиера на претставата „Др. Хупутдис Но Боди” во Крушево

35

Во Домот на културата во Крушево вечерва (19:30 часот) премиерно ќе биде изведена претставата „Др. Хупутдис Но Боди”, по мотиви на „Тренер на духови” од Јон Бајешу, а по превод и адаптација на текст од Захарија Ангелеска.

„Оваа претстава е необична затоа што е направена во нетипичен простор за изведба, потсетува на една празнина, како еден огромен стар замок, во којшто е затекнат човекот. Претставата зборува за односите спрема самите себе, односите кон другите и односот на другите кон нас, којшто цело време се присутни и ни наметнуваат како ‘совет’ да живееме како што не знаеме. Ова е четврта претстава надвор од границите на институцијата театар и всушност тоа е мојот предизвик – театар сега и овде!“, посочува Ангелевска која е и учесник во претставата заедно со Таница Бебиќ.

Сценографијата и дизајнот за претставата се на Маја Џеповска, музиката на Оливер Јосифовски, а фотографијата на Андреј Рујаноски. Организаторите најавуваат дека настанот ќе се одвива по сите прописи и заштитни мерки, имајќи ја во предвид состојбата од ковид пандемијата.