Преку 20 милиони инфицирани со коронавирус во светот

23

Во изминатите шест недели бројот на потврдени нови инфекции е удвоен.

Американските научници сметаат дека вистинската бројка е многу поголема. Корона-инфекциите стануваат потврден случај кога луѓето се тестираат, но капацитетите за тестирање се ограничени. На тој начин бројни инфекции остануваат неоткриени. Истото важи за инфицираните лица кои не манифестираат никакви симптоми. И тие проаѓаат низ „ситото“ на статистиката.

Од 20 милиони познати случаи на зараза со ковид-19 во светот, според податоците на Институтот Џон Хопкинс, околу половината отпаѓаат на три земји. САД предводат со преку пет милиони инфицирани, Бразил има преку три, а Индија речиси два милиони потврдени случаи на коронавирус. Но и во Русија, Јужна Африка, Мексико и повеќе држави од Јужна Америка пандемијата брзо се шири.

„Зад овие статистики се кријат многу болка и страдање…Но, морам уште еднаш да истакнам: постои и искра на надеж. Уште не е доцна за да застанеме на патот на пандемијата“, изјави во понеделникот шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејсус. Тој ги повика владите во светот да не попуштаат во борбата против пандемијата.