Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ  ќе стапне на лудиот камен. Наследникот на фолк ѕвездат и славниот тенисeр Боба Живојиновиќ ќе се жени за студентката од Брус, Сандра Миљаковиќ.

Сандра и Виктор / Фото: Инстаграм

Поради ситуацијата со коронавирусот, младенците ќе направат голема прослава во 2021 година.

– Планираме гала прослава со 500 гости. Не има многу нас Живојиновиќи, затоа мора да најдеме голем простор на отворено. Ние нема да правме свадба сè додека не се смири ситуацијата со болеста. Но, на Сандра и мене не ни пречи да чекаме, и онака се однесуваме како да сме веќе во брак, вели Виктор за Информер и додава: Tаа е голема поддршка за мене во сè. Пред само неколку дена, ја прославивме годишнината од нашата врска. Моето семејство е воодушевено од Сандра и тие имаат само пофални зборови за неа.

Идната невеста е родена во селото Будиловина кај Брус, а студира на Филолошкиот факултет и се занимава со шминкање. Неодамна со Виктор се врати од Монако, каде беше на првиот летен одмор со семејството Живојиновиќ.

– Уживавме во одморот. Сандра и Брена се дружеа навистина убаво. На сите  одморот ни беше потребен, особено на мама и тато, кои сè сеуште  во Монако, вели најмалиот син.

Патем, Виктор целосно реши да стане независен, па пред неколку дена отвори сплав во Нов Белград. Брена на почеток не била за тоа бидејќи тие веќе имаат ресторан, но на крајот го поддржала. Виктор истакна дека го сака угостителството и дека ги почитува сите мерки против коронавирусот во неговиот сплав.