Московскиот театар „Болшој“ планира да ја отвори новата, 245-та сезона на 6 септември, со операта на Верди „Дон Карлос“, а планиран е и настапот на Пласидо Доминго, изјави генералниот директор на театарот „Болшој“, Владимир Урин. Тој рече дека поради епидемијата на коронавирусот, раководството електронски се согласило за плановите за новата сезона и дека било договорено операта на Верди да биде изведена на отворањето, пренесува Тасс.

Балетот ќе го отвори „Дон Кихот“ на 12 септември, а договорени се настапи на Пласидо Доминго на 21 октомври во операта на Џакомо Пучини „Манон Лескота“ и на 24 октомври на гала-концертот со другите колеги.

Урин рече дека публиката ќе мора да ги почитува мерките и да одржува социјална дистанца и да носи маски.

Како што додава, првата половина од сезоната ќе биде посветена на 180-годишнината од Петар Чајковски, поради што во тој период ќе се преферираат неговите дела – балетите „Евгенија Онегин“, „Лебедово езеро“, „Крчко Орашиќ“, „Заспаната убавица“.