Предновогодишна хуманитарна забава на ЈП „Лајка“

136

Јавното претпријатие „Лајка“ на 23 декември (петок), од 19 до 00.30 часот ќе организира предновогодишна хуманитарна забава во кафе бар „Младост“ поранешен кафе бар „Бастион“ во Дебар Маало.

-Годинава успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година, во пресрет на новогодишните празници. На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти пријатели, ќе има хуманитарен базар со новогодишни рачни изработки и ќе собираме донации за кучиња во прифатилиштето. Потребни се ќебиња, чинивчиња, околувратници, поводници, играчки, универзални средства за чистење…- соопштија од ЈП „Лајка“