Него и Бог го чува, двапати и избега на смртта

57

Вистинската драма се случи во Кенија каде двократниот олимписки шампион Дејвид Рудиша преживеа авионската несреќа. Ова се случи само три години откако преживеа сообраќајна несреќа во која автобус го прегази неговиот автомобил.

Сега на авионот во кој се возел му откажал моторот само неколку минути по нивното полетување, а на крајот присебниот пилот успеал да го приземји авионот слетувајќи наопаку!

Овој 33-годишен спортист, кој моментално го држи светскиот рекорд на 800 метри, бил еден од петте патници на летот што полетал од Кимана, а по падот и слетувањето се сликал покрај остатоците од авионот.

-Се беше во ред седум или осум минути по полетувањето, а потоа моторот запре. Пилотот ја виде чистината и се обиде да слета, но едното крило удри во дрво и авионот почна да се врти пред да падне на карпестата земја. Фала му на Бога што ние сите преживеаја, иако имам некои повреди кои ги имав и претходно. Сите до еден бевме пуштени од болница, изјави Рудиша за кениските медиуми по несреќата и продолжи:

-Тоа беше ужасна епизода каде што го држев срцето и му се молев на Бога. Пилотот успеа да направи неверојатна работа и да го одржи авионот стабилен долго време, заврши атлетичарот

Рудиша, кој го постави светскиот рекорд на 800 метри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година со време од 1:40.91, исто така ја одбрани титулата во Рио во 2016 година, а во 2019 година се повлече од атлетиката, откако претходно доживеа несреќа со автомобилот.