ПО 5 ГОДИНИ ИНТЕНЗИВНА ИЗГРАДБА: Автопатот Миладиновци-Штип в четврток ќе биде времено пуштен за сообраќај

225

Автопатот Миладиновци – Штип кој почна да се гради од 2014 година, в четврток на 7 март времено ќе биде пуштен за сообраќај. Свеченото сечење на лентата, како што се дознава е закажано за мај 2019 година.

Според најавата од надлежните институции, автопатската делница во должина од 47 километри ќе биде ставен во функција со времен режим на деловите каде се планира изградба на две патарини. Дел од автопатот, делницата од Штип до Кадрифаково од поодамна е пуштена за сообраќај.

Изградбата на автопатот почна во февруари 2014 година. Имаше неколку одложувања на пуштањето во употреба на овој единствен автопат на истокот на Македонија, а последното беше крајот на јануари 2019 година. Овој автопат чини 206 милиони евра обезбедени од кредит од кинеската ЕКСИМ банка и буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
(С. Бл.)