По иницијатива на МАНУ: Споменик на Горан Стефановски во Дебар Маало

49

Споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски ќе биде подигнат во Дебар Маало. Иницијативата за споменикот ја поднеле од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

“Советниците на Општина Центар ја усвоија иницијативата на МАНУ за поставување на спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија'”, соопштија од Општина Центар.

Горан Стефановски почина во ноември минатата година во Англија, на возраст од 66 години, по кратко и тешко боледување. Тој е еден од најплодните и најпознати драмски автори, не само во Македонија, туку и пошироко во регинот.

Неговите незаборавни драмски текстови се играат на сцените и низ Европа. Зад него остануваат антологиските “Диво месо”, “Тетовирани души”, “Дупло дно”, ,,Лет во место” и други.