Почитувајте ги правилата и кодексот на однесување во Скопје ЗОО

79
Почитувајте ги правилата и кодексот на однесување во Скопје ЗОО, порачуваат од скопската Зоолошка градина.
– Во Зоо градината има поставено над 200 корпи за отпадоци, оградите не се за прескокнување, новите детски игралишта треба да ги чуваме сите, а животните имаат свој режим на исхрана и секоја ваша смока, чипс, зелка е штетна за нивното здравје. Голема благодарност до сите совесни посетители – велат од Скопје Зоо.