Во Големата сала на Филхармонијата на 23 септември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот манастир – 1000 години од неговото основање.

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.

“Со овој уникатен настан, се оддавае чест на Бигорскиот манастир, кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја“, велат од Филхармонија.