Голема есенска акција за засадување на нови дрвореди и украсно зеленило

122

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ го распиша тендерот за најповолна понуда за набавка на саден материјал кој ќе се реализира есенва.

Станува збор за дрворедни и декоративни садници, зимзелени садници, како и декоративни грмушки, перени и украсни треви.

Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, информира дека од 1 ноември се подготвува голема акција за засадување на овие садници по средишниот дел на булеварите, но и во ново подигнатите паркови низ градот.

– Во ноември се најпогодни условите за засадување на овие садници. Во моментов ги подготвуваме проектите за секоја локација каде што ќе бидат засадени нови садници што ќе бидат ќе бидат уредени и со урбана опрема. Приоритет во садењето ќе имаат новоизградените булевари кои немаат средишно зеленило, како добијат „Христијан Тодоровски Карпош“, во должина од 1,5 километар, како и „АСНОМ“,  како и новоподигнатите паркови –  вели Муча.

 (А.П.)