Во повеќето земји во светот музеите полека почнуваат да се отвораат откако почна  попуштање на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот. Сепак,  експертите предупредуваат дека долгорочното затворање оставило последици и дека низ светот секој осми музеј ќе остане трајно затворен. Студијата на УНЕСКО и ИКОМ наведува дека речиси 13 проценти од музеите во светот повеќе нема да бидат отворени, и иако оние од сиромашните земји се во поголем ризик, ситуацијата не е розова дури и во богатите земји.

Европските музејски организации изјавуваат дека големите музеи во туристичките метрополи како Париз, Амстердам или Виена, пак, изгубиле до 80 проценти од своите приходи за време на пандемијата, што се мери на стотици илјади евра на неделна основа.

Отон изјави дека ситуацијата е особено тешка во Латинска Америка, каде што сега се затворени 99,4 проценти од музеите.

„За првпат во историјата се случува практично сите музеи да бидат затворени на еден континент и ќе биде тешко за многумина да се обноват по кризата“, рече Отон. Тој предупредува дека самото отворање на музеј нема да значи премногу, освен ако не дојде до заживување на светскиот туризам, затоа што без туристи, музеите се практично неодржливи.

Според помошникот на генералниот директор за култура на УНЕСКО, Ернесто Отоне, додава дека пандемијата подеднакво влијаела и на големите и на малите музеи, без оглед на од која област се нивните експонати.

„На помалите музеи кои се затворени со месеци и кои во тој период немаа никакви приходи, им се заканува трајно затворање, затоа што сега тие немаат средства потребни за исполнување на новите стандарди за одржување на физичкото растојание на посетителите и сите други барања на епидемиолозите“, рече Отон.