Поради бизарна причина пропадна трансферот на Караско

63

Јаник Фереира Карсако требаше да биде замена за најголемата зимска желба на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Откако не успеа и последниот обид за да се осигура потписот на играчот на италијанскиот калчо гигант Интер, “топчиите” своето внимание го насочија кон белгискиот интернационалец, но и тој обид не вроди со плод.

Францускиот медиум “РЦМ”, откри дека трансферот на крилниот напаѓач во редовите на Арсенал пропаднал поради јазичната бариера. Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш никако не можеле да се разберат со претседателот на кинескиот суперлигаш Далиан, а сопругата на Караско, откри дека уште неколку клуба покажале интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Атлетико (М).

  • Се случија многу работи во изминатите неколку дена. Имаше голем број на клубови кои остварија контакт со Карсако. Сепак, челниците на Далиан решија дека треба да биде повлечен од пазарот за фудбалери. Јаник ќе остане во Кина, изјави Ноеми Хапарт.

Како фудбалер на кинескиот суперлигаш поранешниот фудбалер на Монако има годишна плата од 10 мил. евра.