12 години затвор за Арда Туран!

83

На легендарниот репрезентативец на Турција, Арда Туран, играчката кариера му тргна во сосема погрешна насока. Искусниот играч за врска веќе неколку години се занимава со се и сешто, а најмалку со најважната споредна работа на денешницата. Поради големата глупост која ја направи во септември 2018 година, фудбалерот на Башакшехир, може да добие затворска казна од 12 години.

Поранешниот фудбалер на Галатсарај, Атлетико (М) и Барселона пред неколку месеци во еден познат ноќен клуб физички го нападна познатиот турски пеач, Беркаим Сахин, кој се здоби со тешка повреда на носот. Главна причина за физичката пресметка била сопругата на пеачот, Озелем Ади, кој многу му се допаѓала на искусниот фудбалер.

Неколку дена подоцна, Арда го посетил пеачот во болничката соба и по неколку разменети збора фудбалерот извадил пиштол и се обратил со зборовите: “Не знаев дека станува збор за твојата сопруга. Да знаев, никогаш немаше да направам такво нешто. Ако сакаш, можеш веднаш да ме убиеш“. Веднаш потоа, настанала голема гржва, а фудбалерот испукал и еден куршум во подот.

На поранешниот репрезентативец на Туција ќе му се суди за сексуално вознемирување, нанесување тешки телесни повреди и користење на огнено оружје за кое немал дозвола.