Фудбалските клубови ширум светот се соочија со потешкотии во функционирањето од моментот кога натпреварувањата се стопирани поради пандемијата на коронавирус, па така, и приходите „замрзнаа“. Поради ваквата ситуација белгискиот клуб Локерен беше принуден да прогласи банкрот по 97 години постоење.

Причина на банкротот е долг од пет милиони евра, а Локерен не успеа на време да ги пријави тие пари, па поради тоа згасна.

Клубот е основан во 1923 година, а најголемиот успех му е освојување Куп на Белгија во 2012 и 2014 година, кога играше и Лига на Европа.

  • На голема жалост, морам да признаам дека без оглед на силните обиди не успеавме да пронајдеме инвеститор во предвидениот рок, истакна претседателот на Локерен, Луј де Фрај.