Познат бренд повлече нараквици со монистра од српскиот пазар поради опасна супстанца по здравјето

123
Фото: Министерство за трговија на Србија

Нараквиците со затворач на H&M се повлечени од српскиот пазар поради хемиски ризик, т.е. содржат премногу олово, објавено е на веб-сајтот на Системот за предупредување за небезбедни производи (NEPRO) на Министерството за трговија на Србија.

Поточно, нараквиците содржат ниво на олово кое ги надминува дозволените вредности пропишани со регулативата REACH.

Нараквица со мониста од брендот H&M со ID: PN 1163609 O/N 498512, 433537, 498564, 433538, 482859. Производот се продаваше во машкиот оддел во продавниците за малопродажба на H&M од 28.12.28. до 11.07.2023 година.