Пожар во стан во Кисела Вода/фото

305

Огнени јазици целосно зафатија стан во зграда што се наоѓа кај салата „Расадник“ на улица „Народни Херои“во Кисела Вода.

Станот е на петтиот кат и во моментов е празен. Според информациите од терен, дел од станарите се заглавени во зградата и не можат да излезат. Густ чад се крева од повисоките катови, противпожарни екипи се стигнати на местото и се обидуваат да го изгасат пожарот, а пристигнати се возила на брзата помош.

– Во моментов пожарот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Причината за пожарот засега не е позната.