Главниот град на Хрватска под опсада на диви свињи: Поставени стапици низ Загреб, 27 се веќе фатени/видео

267
Фото:принтскрин/Хрватски ловечки портал/форум

Диви свињи талкаат низ главниот град. Низ социјалните мрежи се проширија снимки од нив како трчаат по една од најфреквентните улици. Иако сцените не се нови, оваа година ги има повеќе од вообичаено. Во прифатилиштето за запуштени животни во Думовец велат дека нема причина за грижа, но и дека не треба да се приближувате до диви свињи.

На пет локации на терен биле поставени стапици во кои биле фатени 27 диви свињи.

„Дивата свиња нормално не е опасна за луѓето и никогаш не ги напаѓа доколку не се чувствува загрозено. Доколку ги видите веднаш информирајте го инфо центарот во Думовац за да успееме да ги дислоцираме. Не допирајте ги, правете селфи и пријдете им“, рече Дамир Скок, директор на Зоолошката градина во Загреб за RTL.