Пожар во најголемата ковид болница на Филипините

17

Пожар избувна синоќа во најголемата болница за пациенти со Ковид-19 на Филипините.

Во инцидентот нема повредени. Немало пациенти на третиот кат каде започна пожарот, но огнот се прошири и на други катови, принудувајќи евакуација на околу 500 пациенти, вклучувајќи 156 со Ковид-19.

Пожарот е изгаснат пет часа подоцна, соопшти вишиот инспектор Хектор Агадулин од службата за противпожарна заштита.

Извор: МИА