Францускиот ракометен репрезентативец Валентин Порт одлучи да ја прифати понудата и да потпише нов договор со Монпелје. Капитенот на францускиот клуб стави потпис на соработка до 2024 година..

-Се чувствувам многу добро тука. Навистина уживам кога играм во овој клуб и со овој тим. Би сакал да продолжам да ја пишувам историјата на овој амбициозен клуб, рече Порт.

Порт (30) игра во Монпелје од 2016 година, а претходно ги бранеше боите на Тулуз.