Ракометниот репрезентативец на Конго, кој беше хит на последното Светско првенство во Египет, Готие Мвумби. Откако ги покажа своите способности во Египет, доби понуди од голем број клубови во елитните лиги, каде би можел да напредува во својата кариера.

Иако имаше опции да заигра во првата лига во Франција и Шпанија, а за популарниот дебелко понуди имаше и од други клубови во Европа, Мвумби на изненадување на сите реши кариерата да ја продолжи во САД.

-Пресреќен сум што можам да објавам дека ќе играм за Детроит, за да помогнам да се развива ракометот во САД, изјави Мвумби.