Повторно соло:Маленко не живее веќе ниту со својата четврта сопруга?!

551

Сè уште атрактивниот охриѓанец, кршачот на женските срца, некогашниот македонски пливач и (некогаш) кај жените многу популарниот Александар Маленко, гостувајќи вчера на ТВ Алфа призна дека веќе не живее ниту со својата четврта сопруга, која е исто така од Охрид. Инаку, Маленко држи своевиден рекорд по бројот на бракови во светот на познатите личности. Зад себе има четири брака и пет деца.
Тој прво беше во брак со водителката и пејачката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора од која доби и внук. Беше во брак и со актерката и поранешната директорка на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил, а потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова, со која исто така има син.
Со четвртата сопруга, Фани, за која нашата јавност скоро многу малку знае, поранешниот пливач има два сина. Дали тоа што кажа дека со Фани не живеат заедно значи и дека се дефинитивно разведени останува да покаже времето. Но, сè е тоа живот, па на кој како ќе му дојде!!!
(Д.М.)