Пентагон и НАСА ја шокираа јавноста – Можно е вонземјани да го посетуваат нашиот Сончев систем

237
Фото: geekweek илустрација

Можно е вонземјани да го посетуваат нашиот Сончев систем и да лансираат помали сонди, како што прави НАСА во своите мисии за проучување на други планети, потврди Пентагон во нацртот на својот извештај објавен минатата недела.

Извештајот беше изготвен од Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата на пентагон за решавање на аномалии во сите домени (AARO) на Пентагон и од Абрахам Лоеб, шеф на одделот за астрономија на Универзитетот Харвард, а извештајот се фокусира на физичките ограничувања на неидентификуваните воздушни феномени.

„Вештачкиот меѓуѕвезден објект потенцијално би можел да биде матично летало што испушта многу мали сонди за време на неговото приближување до Земјата, оперативна конструкција што не се разликува премногу од мисиите на НАСА“, се вели во извештајот.

Понатаму, авторите наведуваат дека овие мали сонди би можеле да бидат одвоени од матичниот вселенски брод со плимната гравитациска сила на Сонцдето или со способност на маневрирање.
Инаку, AARO е канцеларија на Пентагон основана во јули 2022 година и е одговорна за следење на објекти на небото, под вода и во вселената, како и на објекти кои евентуалнот би имале способност да се движат од еден домен во друг, пишува New York Post.

Во 2005 година, Конгресот ја задолжи НАСА да пронајде 90 отсто од сите објекти во близина на Земјата што се поголеми од 140 метри, што резултираше со телескопите Pan-STARRS, се наведува во извештајот.

„На 19 октомври 2017 година, Pan-STARRS откри необичен меѓуѕвезден објект подоцна наречена Оумуамуа, или „извидник“ на хавајски. Објектот беше во облик на пура, изгледаше рамно и беше отфрлен од Сонцето без да покаже опашка на комета, што ги наведе научниците да веруваат дека е вештачки. Три години подоцна, уште еден објект“, наведено е во извештајот.