Ѓукановиќ: Очекувам конечна победа, секој противкандидат е послаб од мене

312
EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на ДПС, Мило Ѓукановиќ, кој води во изборната трка по првиот круг од претседателските избори во Црна Гора, и се обрати на јавноста и истакна дека Црна Гора го потврдила својот демократски пат и дека очекува конечна победа со назнака дека ќе го победи секој противник.

Тој изјави дека сегашните резултати се она што всушност го посакувале во ДПС и дека тоа го постигнале.
„Задоволни сме од нивото на поддршка на гласачите кои веруваат во таков профил на нашата политика и само ќе го надградиме во следните 14 дена и конечно ќе победиме на изборите. Верувам дека овој исход од првиот круг е и одличен ветер да се потврди силата на граѓанската и европска Црна Гора на претстојните парламентарни избори и да се добие влада што ќе ја води Црна Гора по европскиот пат. Очекувам победа и нема кандидат што особено го очекував, кој и да дојде е послаб од мене, како што покажаа резултатите на овие избори, така што, јас сум подготвен да победам кој и да е против мене“, рече Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ влезе во вториот изборен круг од претседателските избори во кој на 2 април годинава ќе се бори за победа со Јаков Милатовиќ од движењето Европа за сите.