ПЕНДАРОВСКИ за ВЕЧЕР: Во редовна комуникација сме со НАТО за сите безбедносни прашања

163

Претседателот на државата и Врховен командант на безбедносните сили Стево Пендаровски нема да го свика Советот за безбедност поради се позачестените закани за поставени бомби. Од неговиот кабинет велат дека претседателот е редовно информиран за безбедносните состојби во земјата и одржува дневна координација со надлежните служби.

-Во моментов проценката е дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност во врска со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и институциите. Како членка на НАТО нашата држава е во редовна комуникација со Алијансата за сите безбедносни прашања и предизвици, информираат од кабинетот на македонскиот претседател Стево Пендаровски за весникот ВЕЧЕР. (Е.А.)