Исплатени речиси 114 милиони денари финансиска поддршка за произведено и продадено млеко

39

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатени се 113.839.560,00 денари кон 6.007 корисници на подмерката од Интервентниот фонд.

„Корисници на подмерката 2.3 “ Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко” се корисниците од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година и тоа земјоделските стопанства – производители на кравјо,овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистерот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) кои сопственото производство го користат за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или го имаат произведено и предадено на регистриран откупувач на суроово млеко, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи , во период од 01.10.2021 година до 30.09.2022 година3, соопшти агенцијата.

Висината на финансиската поддршка изнесува 1 денар по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко на регистрирани откупувачи, односно преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

„Како досега така и во следниот период продолжуваме со засилена динамика за имплементација на програмите за директни плаќања, рурален развој и програмата за интервентен фонд како главни механизми за државна финансиска поддршка за агросекторот и домашното производство на храна ” – информира директорот Бачовски.