ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Медведев ги откри легитимните цели на руската армија

91

Заменикот-шеф на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев истакна дека легитимна цел на руската армија може да биде воено-политичкото раководство на земја која е непријател на Русија. Тој додаде дека легитимни цели можат да бидат вооружените сили на други земји кои се сојузници на непријателите на Москва.

Имено, тој на својот канал на Телеграм напиша дека прашањето за легитимните воени цели се толкува на различни начини низ историјата на човештвото, како и дека различно се толкува и за време на актуелниот конфликт во Украина.

На пример, како што рече, бројни американски русофобни сенатори сакаат да зборуваат на оваа тема и покрај тоа што постојат правила на однесување за време на вооружени конфликти (jus in bello).

Медведев денеска ги наведе и легитимните воени цели: 1. Сите непријателски трупи (легални борци и нелегални борци) што не се официјално повлечени од своите вооружени сили., 2. Секоја воена и помошна техника на противникот, 3. Сите објекти кои се однесуваат на воената инфраструктура и кои придонесуваат за реализација на воените цели (мостови, станици, патишта, енергетски објекти, фабрики и работилници кои вршат воени задачи), 4. Воено-политичкото раководство на непријателската земја, 5. Вооружените сили на другите земји кои официјално влегле во војната, а кои се сметаат за сојузници на непријателот, како и објекти лоцирани на територијата на непријателот.

Меѓутоа, денес се поставува главното прашање – дали хибридната војна, која де факто и беше објавена на Русија од НАТО, може да се смета како влегување на Алијансата во конфликтот со Москва?, пишува Медведев.  Дополнително, се поставува прашањето дали испораката на огромна количина оружје за Украина може да се смета за напад врз Русија?

„И, се разбира, дали првите четири ставки се сметаат за легитимни воени цели кога станува збор за северноатлантскиот блок“, се прашува Медведев.

Рускиот политичар додаде дека раководството на земјите-членки на НАТО едногласно тврдат дека нивните земји не војуваат против Русија, иако сите добро разбираат дека работата е сосема поинаква.

На 24 февруари Русија изврши инвазија на Украина, а војната ја нарекува „специјална воена операција“.