Мисајловски од Ѓорче Петров: Масовна мобилизација на 8 мај за 50.000 нови работни места

37

„Мојата, нашата идеја како ВМРО-ДПМНЕ е да има подобро утре за секој еден од нас! Доста беше беда, доста беше мизерен однос кон граѓаните, кон државата. Доста беше низок стандард, лош живот, оттуѓена Mакедонија. Јас и мојот тим, ние како ВМРО-ДПМНЕ секој ден сме со вас, со сите граѓани. Секој ден сум овде во Ѓорче Петров, во сите населени места, низ цела општина, но и во сите општини од изборна единица 2“, кажа Владо Мисајловски носител на листата за пратеници во ИЕ2 од митингот во Ѓорче Петров.

Мисајловски побара масовна поддршка од Ѓорче Петров за уште поголема победа на 8 мај и реализација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема партија која во Ѓорче Петров ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ. Но за да направиме многу реформи, поголеми пензии, 50 000 нови работни места, 5 000 денари за сите пензионери, нова позитивна листа на лекови, секое дете во градинка и се она што го предвидуваме во програмата ни треба мобилизација. Масовно да го направиме тоа на 8 ми мај да победиме. Да сте ми живи и здрави да победуваме“, истакна Мисајловски, се наведува во партиското соопштение.