„Педала“ со работилници за одржување на велосипеди и практично

178

Велосипедскиот центар „Педала“ ќе биде присутен со неколку работилници во рамките на Цивика Мобилитас фестивалот „Ден на граѓанските организации 2020“, кој ќе се одржи в сабота, на 17 октомври, пред Школката во Градски парк.

Во рамките на настанот, во периодот од 10 до 12 часот, доброволците на „Педала“ ќе средуваат велосипеди за донација.

-Имаме две детски точачиња кои треба да се проверат, подмачкаат и дотераат да усреќат некое дете, информираат од „Педала“ и додаваат дека секој кој сака да помогне може да им се придружи.

Од 12 до 14 часот, секој ќе може да дојде со својот велосипед и да се послужи со алатите на „Педала“, па во друштво со доброволците ќе можат да се разменат знаења за одржување на велосипеди.

Потоа, од 14 до 16 часот следува Педала работилница за основи на одржување на велосипед, во чии рамки ќе може да се научи како да залепиш гума, да наместиш кочници и брзини и да се дознаат основите за велоанатомијата, а сето тоа со користење на алатите и знаењето на „Педала“.

Како што информираат од овој велосипедски центар, бројот на учесници е ограничен на 6, за секоја активност/термин, во согласност мерките за спречување за ширење на коронавирусот.

Заинтересираните можат да се пријават со тоа што ќе испратат порака на Педала, а по принципот „прв дојден – прв услужен“, за да не се создава гужва.

Воедно, на овој настан ќе може да се информирате за приклучување на тимот на „Педала“ доброволците.