Пациентката која утрово се тестираше нема коронавирус

64

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на коронавирус кај пациентката која утрово се јавила со знаци на респираторна инфекција на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

-Пациентката патувала во критичниот регион на Северна Италија и влегла на 26 февруари во земјава, информираат од Министерството.

Засега нема нов случај на заразен со корона вирус. Единствената пациентка која се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба.

-Продолжуваме редовно да ја информираме јавноста. Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на ресорното министерство, велат од Министерството за здравство.

Министерство за здравство