Коронавирус сцени: Шишање на еден метар далечина/ВИДЕО
Паниката поради коронавирусот во светот не стивнува, особено откако вирусот по Кина, се прошири низ уште 50 држави, а во овој момент се заразени речиси 85.000 луѓе. Како последица на вирусот починаа повеќе од 2.850 лица, а во многу држави владее страв од зараза. Но, колку и да е ситуацијата сериозна, секогаш постојат низа комични и многу необични ситуации кои знаат да не насмеат. Многу од нив навистина се случиле, а дел се само производ на креативни луѓе кои и во тешките времиња, се обидуваат да го насмеат светот.