Оџачарска служба бесплатно ќе им ги чисти оџаците на кавадарчани

61
Оџачарска служба бесплатно ќе им ги чисти оџаците на кавадарчани. Од Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, за МИА потврдија дека по одлуката на Советот на општината, кај нив во тек е промена на статутот, систематизацијата и оформување на таква служба.
– За некое време се очекува да профункционира целата таа идеја. Општината да субвенционира, а кавадарчани да добиваат бесплатна услуга. Во меѓувреме, за да не се губи време додека се формира таа служба, бесплатното чистење на димните оџаци ќе го врши оџачарска служба која има лиценца за таква работа, велат од „Комуналец”.
Оттаму појаснуваат дека штом профункционира ваквата услуга, сите заинтересирани ќе треба навреме да пријават потреба за тоа.
– Целта е редовно да се чистат димните оџаци, затоа што нередовното чистење значи потенцијал за пожари, децидни се од комуналното претпријатие