ОФИЦИЈАЛНО: Роналдо е старо-нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

62

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, и официјално потврди дека ги осигура услугите на португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Кристијано Роналдо.

За да ги осигураат услугите на Роналдо, кој пред 13 години, како фудбалер на Манчестер Јунајтед, за првпат беше прогласен за најдобар фудбалер во светот, „црвените ѓаволи“ мораа да одвојат 25 мил. евра.

Роналдо треба да потпише 2-годишен договор кој му гарантира годишна плата од 25 мил. евра.