Отстранет оштетениот и стар асфалт на „Партизанска“

570

За само три дена од почетокот на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, веќе целосно е отстранет оштетениот и стар асфалт од коловозот на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“.

Градежните активности на терен ќе продолжат со ист интензитет со цел реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница да биде завршена во најбрз можен рок.