Османи: Бојкот на избори може да предизвика криза

60
Изборите денес се повеќе потребни од претходно кога беа договорени за 12 април, оцени вицепремиерот Бујар Османи. Само со политичка Влада и функционално Собрание, потенцира Османи, државата ќе може да се справи со последиците од коронавирусот.

„ Изборите денес ни се многу повеќе потребни, отколку во декември минатата година кога со консензус одлучивме дека ќе имаме предвремени избори. Но во исто време, изборите имаат смисла само ако граѓаните навистина имаат избор да ги изберат претставниците кои ќе ги претставуваат во Парламентот. Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат нова политичка криза, која како по правило кај нас се претвора во институционална криза, за потоа да стане закана и за евентуална безбедносна криза, изјави вицепремиерот.

Почетокот на преговорите , потенцираше тој на прес-конференција, претставува најголемиот стратешки приоритет на државата, за кој секако барем декларативно имаме консензус. Нема ништо паметно во тоа најважниот проект за граѓаните да го загрозиме поради политичка незрелост, политичко надмудрување и партиски тактики, ставајќи ги партиските цели пред стратешките.