Орце Камчев нуди гаранција од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра кеш за да излезе од затвор

56

Еленко Миланов, адвокатот на бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот “Плацеви на Водно” денеска пред медиумите објави дека бизнисменот поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор во процесот.

Адвокатот истакнува дека ова е втор обид на Камчев со понудена гаранција да биде ослободен од притвор и дека тој е единствениот обвинет од случајот кој се наоѓа таму.

„Јордан Камчев е петтоосомничен а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000евра готовински но до овој момент немаме одговор од обвинителството, вели тој.

Според Миланов, истрагата не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Исказ не може да даде обвинетиот Никола Груевски и делото е така поставено што постапката не може да продолжи. Оваа постапка е започната со наредба за истрага во октомври 2020 а тогаш Груевски не се наоѓал во Македонија и Груевски не можел да биде сослушан. Обвинителката има доставено изјава од Груевски пред Обвинителство во 2015 во предистражна постапка но пред СЈО. Првостепениот суд донесе решение за судење во отсуство за што сметаме дека е направена суштествена повреда, рече Миланов.