ОРБАН ОСТРО ДО БРИСЕЛ: Ќе ја изгубиме Србија, тие имаат други опции!

319
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Србија мора што поскоро да влезе во Европската унија, во спротивно Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја изгуби оваа земја.

„Мораме да ја завршиме старата задача за проширување пред да тргнеме во ново проширување со Украина. Ако не ја интегрираме Србија што е можно поскоро, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Штотуку склучи договор за слободна трговија со Кина“, изјави Орбан за австриски Die Presse.

Унгарскиот премиер го нарече и проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан „главен приоритет“ на Будимпешта за време на претседавањето со Советот на Европската унија, кое започнува на 1 јули.

Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија, Северна Македонија, Србија, Турција, Украина и Црна Гора имаат официјален статус на кандидати за пристап во ЕУ. Брисел врши притисок врз Србија да ја натера да се согласи да го даде тој статус на Косово, што всушност би претставувало официјално признавање на независноста на земјата.