Општина Чаир го одбележа 1 Јуни – Децата се светлината на нашите очи

84

По повод 1 јуни, Меѓународниот ден на децата, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ги посети учениците од прво одделение на ООУ „Васил Главинов“. Тој истакна дека му претставува големо задоволство, но и почувствувал позитивен дух од децата на оваа институција кои се од различна етничка припадност.

– На децата им подарив симболични подароци и им упатив порака дека тие се најголемото богатство, се нашата благосостојба, тие се иднината. Децата се светлината на нашите очи, затоа мора да ја зачуваме оваа светлина и да ја направиме уште посветла, бидејќи само така можеме да одиме напред – рече Ганиу.

За време на посетата на ова училиште тој реализираше и состанок со директорката Елита Демири, при што разговарале за напредокот на воспитно-образовниот процес, како и за чекорите што се преземаат за модернизирање на наставата и учењето во ООУ „Васил Главинов“.