Со Виз ер до седум дестинации од македонските аеродроми

118

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер објави  дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 ма.

Обновените рути се до Франција, Германија, Австрија и Шведска, потично Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден, Париз Бове,Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Северна Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер  ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.