Општествено одговорни компании учествуваа во уредување на парк и игралиште во Илинден

    36

    Во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните општина Илинден ја продолжува досегашната успешна соработка со бизнис сектортот во повеќе области на општественото живеење.

    Општествено одговорни компании, со своите вработени учествуваа во акцијата за засадување на повеќе садници во местото Плац, во населба Илинден.

    Притоа, во рамките на нивната донација поставени се нова табла со кош и рефлектори на игралиштето за баскет, детски реквизити, поставена е урбана опрема, а извршено е и бојадисување на двата трансформатора во близина, како и на постоечката маса и клупи до игралиштето.

    Заедно со претставниците на општествено одговорните компании, садници засади и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

    Оваа донација е продолжување на низата успешни проекти кои досега се реализираа како резултат на соработката меѓу бизнис секторот и општина Илинден.