Од седиштето на Дримлав во Севилја украдени се осум сексуални помагала, шест позлатени и два од не’рѓосувачки челик, со цена „од 3.500 до 7.000 евра“. Вредните играчки биле наменети за луксузен пазар во Марбела и Париз

Најмалку седум луксузни вибратори, некои со позлата од 24 карати, се украдени од најголемиот шпански дистрибутер на секс играчки. Дримлав во Севиља а вредноста на украдените предмети изнесува десетици илјади евра, соопшти компанијата.

Така, украдени се осум сексуални помагала, шест позлатени и два од не’рѓосувачки челик, со цена „од 3.500 до 7.000 евра“ кога доцна во средата навечер упаднале во седиштето на Дримлав, За време на грабежот на магацинот во логистичкиот парк во Кармона (Севилја), според пресметките на самата фирма биле земени секс играчки вредни вкупно 80.000 евра.

Според извори вклучени во истрагата, крадците од сеф однеле и 25.000 евра. Поради високата вредност, во сефот се наоѓале и седумте златни вибратори.

Извори вклучени во истрагата веруваат дека крадците најверојатно не знаеле дека покрај парите, ќе ги најдат и вредните златни вибратори и дека припаѓаат на организирана група, бидејќи нападот бил „многу професионален“.

Сопственикот и извршен директор на компанијата, Марио Ромеро Молина, објасни дека Дримлав е единствената компанија во Европа која има „значителна залиха“ на златни вибратори, бидејќи нивната висока цена ги прави „ризична инвестиција“. И покрај тоа, Дримлав избра да ги складира овие предмети  а потоа да ги дистрибуира за одреден луксузен пазар во Марбела и Париз.

„Бидејќи се луксузни секс играчки и ретко ги има на пазарот, па мислам дека на крадците нема да им биде лесно да ги препродаваат“, рече тој.Најверојатното сценарио, според извори вклучени во случајот, е златото да се вади од вибраторите и да се продава одделно.