„Оваа зграда зборува (на)вистина“ го отвора 44. МОТ

747
Млад Отворен Театар 2019 – МОТ ќе се отвори со македонскиот уметнички проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ – добитник на најпрестижната награда „Златна Трига“ на 14-то Прашко Квардиенале за дизајн во сферата на перформанс, сценографија и театарска архитектура. 
Проектот, на Музејот на град Скопје, каде автор е Филип Јовановски, а кураторот Ивана Васева, е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација.

Овогодинешното 44 издание на МОТ ќе се одржи од 13 до 21 септември, а во деветте вечери ќе гостуваат петнаесет театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес.

МКЦ, организаторот на МОТ го најави и гостувањето на Словенско младинско гледалишче со „Сѐ уште без наслов“ на Томи Јанежиќ, театарско искуство во времетраење од девет часа. 

 

Во рамките на придружната програма, пак, ќе настапат култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – „The Tiger Lillies“.

 

Покрај концертите, следува и работилница за специфична локација – „Оди и види“ во Железничката зграда, предавање и дискусија со Мајк ван Гран и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ.

Програмата на 44. МОТ ќе може да се проследи во Национална опера и балет, Кино Култура, Железничка зграда, Театар Комедија, сала Фросина и Дансин сала – МКЦ и Драмски театар, како и во Велес – Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот.