Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги информира и потсетува корисниците на услугата паркирање на зона Д2-Аеродром, лоцирани на булевар „Јане Сандански“, кај Три бисери, на време да го регулираат својот статус на корисник.

– За таа цел потребно е корисниците да достават комплетна документација во Кол центар – Аеродром, лоциран зад ТЦ „Бисер“, најдоцна до петок до 20 часот. Доколку корисниците не го регулират нивниот статус, од вторник 10 септември 2019 година ќе почнеме со издавање доплатни билети – се вели во соопштението од „Градски паркинг“.

Другите корисници при секое паркирање потребно е да испратат смс-порака на тел. број 144 144 со содржина на пр. Д2 СК1234АА.

Кои документи ви се потребни ако сте станар?

  • Важечка лична карта – на увид
  • Сообраќајна дозвола

За да се стекнете со оваа повластената паркинг дозвола потребно е адресата на живеење на сопственикот на возилото да гравитира на јавното паркиралиште т.е јавната површина наменета за паркирање за кое аплицира да е идентична со адресата од сообрќајната дозвола.

Во случај кога возилото е набевено по пат на лизинг, адресата на живеење да е идентична со адресата од договорот за лизинг.

Доколку адресата на живеење не е идентична со адресата на паркиралиштето потребен е договор за закуп за живеалиште на таа адреса.

Принципот за стекнување со ова право е еден стан-две возила.

Што значи доплатен билет?

Доплатен билет, всушност е казнен билет. Поточно, од моментот кога се става блокатор на возилото и се внесува во системот почнува да тече казната која изнесува 990 денари.