„Носталгија“ – графики на Иван Мегленов во МКЦ

153

Во Галеријата на Младинскиот културен центар на 5 мај ќе се отвори изложбата „Носталгија“ на Иван Мегленов.

„Изложбата ‘Носталгија’ e составена од серијал ситопечат графики, кои се интерпретација на спомените на авторот, артефакти од блиското минато чија функционалност е излишна или заборавена, но имаат оставено трага врз нас од голема емоционална вредност. Графиките ја прикажуваат емотивната врска со сеќавањата на детството и раната младост на авторот. Стилот на нивната изработка потсетува на едно убаво поминато време и буди носталгија за истото“, посочуваат од МКЦ.

Иван Мегленов е роден во Скопје во 1996 година, дипломира на Факултетот за ликовни уметности во 2019 година на отсекот Графика, паралелно студирајќи на Академијата за визуелни уметности при Џолев и уметностите, каде што ја стекнува дипломата за „Најперспективен студент. Има 3 години работно искуство како графички дизајнер.

Изложбата посетителите ќе можат да ја погледнат до 18 мај.