Нов рекорден трансфер на Тотенхем

115

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино сака да го донесе во неговиот тим својот сонародник Џовани Ло Селсо од Бетис за 80 милиони евра, со што ќе постави нов клупски рекорд.

Според „Дејли мирор“, Почетино е заинтересиран за Селсо, со кого дополнително би ја зацврстил линијата за врска.

За разлика од двата претходни кога не донесе ниеден фудбалер, екипата од Лондон во овој преоден рок одлучила да потроши доста пари на засилување, ако зе земе предвид дека неодамна за 60 милиони евра го донесе Тангуја Ндомбеле од Лион.