Дома МАКЕДОНИЈА Пендаровски смета дека лидерската средба треба да биде кај него

Пендаровски смета дека лидерската средба треба да биде кај него

83

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски смета дека вистинското место за лидерската средба е кај шефот на државата.

-Не би сакал да ја поткопувам иницијативата на премиерот за лидерска средба за важни прашања, сепак сметам дека вистинското место за лидерската средба е кај претседателот на државата, вели Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

-Сакам да бидам искрен. Мислам дека за неколку важни прашања, како што е на пример идната позиционираност на СЈО во нашиот правосуден систем или пописот кој за жал почна да се политизира, иако законот се уште не е донесен и неколку други слични битни работи, мислам дека вистинското место за средби е кај претседателот на државата, нагласува тој.