Будва поскапа од Монте Карло!

295

Фотографии од ценовникот на еден бар на подрачјето на Будва што се појавија на социјалните мрежи ги вчудоневидоа сите, а ги исплашија оние кои планираат годишниот одмор да го поминат во ова црногорско летувалиште.

Коментарите на ценовникот се – Будва е поскапа од Монте Карло!

Имено, ако во овој бар испиете свежо цеден портокал, ќе платите 11 евра, додека за сок од ананас наплаќаат 16,20 евра.

Цените на пијалаците во тој бар почнуваат од 7,60 евра. Тоа е цената на една чаша сок од домат, но ако сакате тој да е свежо исцеден ќе треба да платите дури 12 евра.

Сепак, веројатно ова не се стандардните цени во кафулињата, каде што одат обичните туристи, туку прикажан е ценовник од малку поелитно место.